Нови вработувања, проектот дава ефект: „Македонија вработува“ пред дојранчани

Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска во Стар Дојран ќе го презентира проектот „Македонија вработува“.

На специјални штандови во периодот од 11 до 15 часот заинтересираните ќе можат да се запознаат со придобивките од преоктот и поволностите што ги нуди за вработување на повеќе категории граѓани, чија цел е подобрување на вработиливоста на голем број невработени лица во државата. Со него ќе може да се вработат оние коишто се до 35 години старост, а се само три месеци невработени. За нивно вработување фирмите ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси три години, со обврска една година да ги задржат на работа.

За граѓани од 35 до 50 години предвидено е пет години ослободување од плаќање придонеси со обврска работодавачот да ги задржи плус една година на работа.

За оние над 50 години има пет години ослободување од плаќање придонеси, а за највозрасните над 58 години ослободување од плаќање на придонеси се до нивното пензионирање, како и петгодишно ослободување на плаќање придонеси за вработените приматели на социјална парична помош, самохраните родители и родителите на деца со пречки во развојот, лицата со инвалидност, професионалните војници кои се без работа.

 

 

Оцени ја веста

18.07.2015 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега