Тешка сообраќајка на Плетвар- повеќе повредени, едно лице критично

Рано утрината околу 4 часот по полноќ на излезот од Прилеп, на превојот Плетвар се случил верижен судир, во кој настрадале неколку лица, јави 10 без 10.

Три возила се судриле на превојот Плетвар, на местото каде трите коловозни ленти се спојуваат во две, при што повредени се повеќе лица, а едно е во критична состојба.

Повеќе возила на итната медицинска помош интервенирале да ги извлечат повредените од возилата, и ги пренеле во Градската болница во Прилеп, а лицето кое е тешко повредено и е во критична состојба, итно е пренесено на Клиничкиот центар во Скопје.

 

 

Оцени ја веста

18.07.2015 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа