Уапсениот српски пејач се брани: „Ама што ви е? Ми треба кокаин за на концерт"

Синан Сакиќ, српски пејач на народна музика кој беше уапсен откако во неговата долна облека биле пронајдени 2,3 грама кокаин, изјави дека дрогата му била потребна бидејќи одел на концерт.

Тој неодамна бил гостин на концерт на Драган Којиќ Кеба во Лозница, каде што, според зборовите на публиката, едвај го издржал настапот. Публиката забележила дека бил дрогиран.

Неговиот син Рашид е осуден на 12 години затвор бидејќи во Лозница во 2002 година го убил Драгољуб Деспотовиќ, а се обидел да го ликвидира Радомир Лазиќ. Бил апсен и претходно под сомнение дека е еден од шефовите на организиран криминал во Лозница.

 

 

Оцени ја веста

19.07.2015 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега