Гостивар: Влегол во голем грев за 400 денари

Крадците не запираат. Вчера биле ограбени три цркви во Гостивар.

Според податоците од полицијата, во првиот случај, во селото Церово-гостиварско, засега  непознат сторител со употреба на подесен предмет насилно ја отворил вратата од црквата „Св. Никола“ и одзел 600 денари по што го напуштил местото на настанот. Истиот ден во Ново Село непознат сторител со употреба на подесен предмет насилно ја отворил вратата од црквата „Св. Јован“ и одзел 400 денари по што го напуштил местото на настанот. 

 

Во третиот случај,  во селото Сушица-гостиварско, исто така непознат сторител со употреба на физичка сила насилно ја отворил вратата од црквата „Св. Никола“ и одзел 5000 денари и 100 гр. злато во вид на букви по што го напуштил местото на настанот. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

19.07.2015 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега