ФОТО: Со години живеел во мрак поради сиромаштија - откриено како изгорел станот на актерот

Првенецот на народниот театар, легендарниот актер Љубивое Тадиќ се соочи со хорор откако му изгоре станот, при што му почина сестрата. Соседите и блиските раскажаа за големата трагедија која му го зави животот во црно.

 - Живееја во страшни услови. Две години немаа струја, едвај се снаоѓаа, се зборува дека долгот бил многу голем. Соседите размислуваа да соберат пари и да помогнат, но немавме толку пари колку што е долгот, вели сосед и додава дека кога и да поминел крај станот гледал запалени свеќи. Неколку пати плаќале аванс, па повторно им ја исклучувале струјата. 

Инаку, станот е купен пред неколку години. Тадиќ живее со мајтата и сестрата, која за жал не успеа да се спаси со оглед на тоа дека пожарот избувнал во нејзината соба.

- Многу ми е жал, ова е страшна трагедија. Сечуствуваме виновни, можеби да помогневме немаше да се случи, вели соседот за српскиот Курир.

Како што неофицијално дознава Курир, состојбата на актерот и неговата мајка сега е стабилна.

 

 

 

Оцени ја веста

19.07.2015 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега