СТРАШНА НЕСРЕЌА: Млад прилепчанец загина на лице место

Утрово околу пет часот, во сообраќајка животот го загуби 32-годишниот Влатко Трајкоски-Лацио од Прилеп. Несреќата се случила кај бензинската пумпа на „Лукоил“ на влезот во Прилеп од Плетвар околу пет часот изутрината кога од засега непознати причини Трајкоски со својот мотоцикл удрил во големото пано на бензинската пумпа на „Лукоил“, излетал и на лице место го загубил животот.

Наредена е обдукција за да се утврдат причините на смртта.

 

 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега