Од денеска значително повисоки цени за одмор во Грција

Грчкиот печат од вчера објавува списоци со производи и услуги кои ќе имаат повисок ДДВ. Во сите таверни и барови ќе се сервираат пијалоци и храна со повисоко ДДВ од 23% . И за сите преработени прехранбени намирници данокот на додадена вредност во иднина ќе изнесува 23 проценти.

До вчера ДДВ за храна изнесуваше 13%

 

Тоа, на пример, важи за свежото и замрзнатото месо, за рибата, кафето, чајот или соковите. Грчкиот печат проценува дека зголемувањето на ДДВ на државата само до крајот на годинавца би требало да и‘ донесе дополнителни 800 милиони евра. Зголемувањето на данокот беше одобрено пред неколку дена од страна на грчкиот парламент и е еден од предусловите за почеток на разговорите со кредиторите на земјата околу нов пакет мерки за помош.

 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега