“Македонија вработува“ дава резултати: Компаниите мотивирани да вработат нови лица

Проектот “Македонија вработува“ започна во април, а веќе ги дава првите резултати. Досега се вработени над 3 500 лица од сите категории, лица до 29 години, лица до 35 години, од 35 до 50 години, лица од ранливите категории граѓани и лица над 50 години. Компаниите увидоа дека и лица над 50 години кои се во поизминати години се добри работници, информираат од Агенцијата за вработување, пишува Лидер.

Има побарувачка за сите мерки за вработување

Проектот Македонија вработува е број еден, но компаниите се интересираат и за субвенционирано вработување, потоа за корисници на социјална парична помош, компаниите можат да користат два начина, првиот модус е со бруто плата каде не можат да го користат “Македонија вработува“и со нето плата каде можа да го користат “Македонија вработува“, односно покрај тоа што им финансираме шест месечна плата и даваме можност за ослободување од придонеси од 3 до 5 години зависи во која категорија припаѓа лицето што го вработуваат, вели директотот на агенција за вработување Влатко Поповски.

-Инаку доста добри резултати дава и мерката кредитирање, каде што секој месец во просек од 30 или 40 компаниии поднесуваат барања за вработувања на невработени лица, потоа мерката практиканство како прво работно искуство, оваа мерка го дава својот максимум каде што компаниите даваат можност на младите луѓе до 29 години да видат дали се способни дали знаат основните работи во теоријата кои што треба да ги применат во пракса и подоцна да одлучат дали некои од нив ќе вработат или не. Досега праксата покажака дека над 65% од луѓето кои што биле на практична работа се вработиле во компаниите каде што биле на практична работа. Инаку имаме побарување на сите мерки како што е обуката на субвенционирано вработување која што ја потрошивме во само два циклуса, сега продолжувме со обука кај познат работодавач заедно со практиканство, така да еден повик до компаниите дека можат да учествуваат и да ги искористат сите бенефиции, вели директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Караванот “Македонија вработува“ во обиколка низ земјава

Со цел граѓаните и компаниите одблизу да се запознаат со можностите кои ги нуди проектот, тимови на Агенцијата за вработување е во обиколка низ градовите во земјава. Крушево, Прилеп, Тетово, Куманово, Штип, Скопје, Велес, Дојран се дел од посетените дестинации, а на ред се летните туристички дестинации како Охрид и Струга

-Во рамки на проектот дневно се реализираат меѓу 50 и 70, а некогаш и 100 вработувања. Исклучително е позитивно да се истакне дека и во струшкиот и охридскиот регион овој проект дава резултат. На ниво на Струга досега се вработија 124 лица, а на ниво на општина Охрид 167 или вкупно 301 лице.Со проектот „Македонија вработува“ значително ќе се намали невработеноста во земјата преку отворање нови работни места, истакна министерот за труд Диме Спасов.

-Сакаме да бидеме блиску до оние граѓани кои што летуваат, доколку сакаат да сменат работно место или да отворат сопствен бизнис или компаниите да отворат нови работни места еве една можност преку “Македонија вработува“ да добијат солидни бенефиции“ констатира Поповски.

Интерес има- од невработените и од компаниите

Караваните се претежно наменети за граѓаните, односно за невработените лица кои бараат работа, а работодавачите веќе се посетуваат со тимови од Агенцијата за вработување со претходно утврден план. На овој начин компаниите се информираат, не само за проектот “Македонија вработува“ туку и за сите останати мерки за вработувае на невработени лица, велат од Агенцијата.

Целта на овој проект е придвижувањето на економијата, забрзано отварање и создавање на нови работни места во приватниот сектор, спроведување на политики која ќе помогнат на невработените лица, од различна возраст и со различен статус да се вработат. Овој проект претставува и значително надградување и проширување на мерката за вработување на млади со ослободување од плаќање придонеси 12 месеци, мерка која им помогна на огромен број на приватни компании, во намалување на трошоците за нови вработувања, во развој на нивниот бизнис. Сега пак, со новиот проект се овозможува олеснително и повластено вработување на неколку групи на невработени граѓани на нашата држава и огромен опфат на невработени граѓани кои ги исполнуваат условите и кои полесно и побрзо ќе стигнат до вработување и работно место, до редовна плата и до подобар и поквалитетен живот.

 

 

Оцени ја веста

21.07.2015 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега