Охрид: Узурпирала државно земјиште и го изнајмувала како паркинг

Охриѓанка узурпирала државно земјиште покрај магистралниот пат Охрид - Ќафасан и го изнајмувала како паркинг простор.

 

Четириесет и четиригодишната стружанка со незаконски дејствија узурпирала 599 метри квадратни недвижен имот-земјиште сопственост на Република Македонија.

„На узурпираното државно земјиште најнапред поставила ограда а потоа со насипување песок овозможила пристап од магистралниот пат до целокупниот имот по што започнала да го изнајмува како паркинг простор“, соопштуваат од СВР Охрид.

Против нејзе е поднесена кривична пријава

 

 

Оцени ја веста

21.07.2015 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега