ФОТО: Се обиде да ги надмудри Цариниците на Табановце - еве како заврши

Царинските службеници од граничниот премин Табановце – автопат синоќа пред полноќ спречија обид за шверц на 115 килограми режан тутун. 

Според податоците, синоќа во 23 часот и 30 минути на излез од Македонија на граничниот премин Табановце-автопат пристигнало празно товарно моторно возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин со иницијали Г.Ј. При контрола во кабината под креветот се пронајдени 115 паковки од по 1 килограм режан тутун. 

Стоката е привремено одземена, а против сторителот е почната соодветна постапка, соопшти Царинската управа.

 

 

Оцени ја веста

21.07.2015 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега