Wizz Air го поедностави процесот за смена на лет

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денес најави нов поедноставен процес за смена на лет.

Според новиот поедноставен процес, патниците можат да ја променат датата на нивниот лет со тоа што ќе платат такса од само 50%  од цената што ја платиле за нивниот билет, (Минимална цена од 10 евра и максимална цена од 60 евра), плус разликата во цените и таксите за багаж помеѓу нормалниот лет и новиот лет.

Патниците на Wizz Air, за разлика од некои други авиокомпании веќе имаат можност да направат промена на датумот на лет онлајн, со резервација во Call центарот или преку агенти на аеродромот. Патниците ќе можат да го избегнат менувањето на таксата, со избирање на „Plus Fare“ кога тие ја прават својата резервација или со купување на услугата „Wizz Flex“за само 10 евра од лет како дополна на „Basic fare“. И „Plus Fare“ и „Wizz Flex“ овозможуваат неограничен број на менување на летови.

Портпаролот на Wizz Air Даниел де Карваљо рекол:„Додека голем број на производи во економијата не дозволуваат промени на летот, ниските цени на Wizz Air се флексибилни и резервациите можат да се прилагодат на потребите на нашите клиенти. Ние го претставуваме овој поедноставен модел за промена на летот, како дел од нашиот постојан развој за подобрување на услугите и процесите со цел да им дадеме на нашите клиенти поголем избор и работиме на тоа да обезбедиме најдобро искуство од правењето на резервацијата па се до крајот на нивното патување. “

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега