Радован Караџиќ е Драган Давид Бабиќ - еве како српските специјалци го уапсија најбараниот хашки бегалец

Пред  седум години е уапсен неуропсихијатарот и биоенергетичар Драган Давид Бабиќ, човекот со долга коса и брада со голем диоптер, а зад тој лик се криеше најбараниот хашки бегалец.

Пред седум години заврши потерата за најбараниот српски бегалец – уапсен е Радован Караџиќ. Имаше долга брада, но не беше офарбан, носеше очила со голем диоптер и тешко некој да го препознаеше од фотографиите од претходниот период“, изјави поапсењето неговиот адвокат Светозар Вујачиќ, а оваа вест го дигна светот на нозе!

На денешен ден во 2008 година по 13 години криење во Белград беше уапсен поранешниот лидер на босанските Срби и хашки обвинетиот Радован Караџиќ и испорачан во Трибуналот во Хаг.

Тој сите тие години не се криел, туку живеел со лажен идентитет и се претставувал како професор Драган Давид Даби, невропсихијатар и биоенергетичар.

Караџиќ го сослуша Милан Дилпариќ истражен судија назначен за воени злочини во Окружниот суд.

Сослушувањето беше завршено во 02.05 и Караџиќ е предаден на обвинителството на Хашкиот трибунал. За време на сослушувањето се бранел со молчење и ја негираше вината. Одбил храна и му рекол на адвокатот дека има приватни пораки за семејството.

Месец дена пред апсењето го лоцирале припадници на БИА, но сочекале да се потврди неговиот идентитет. Потврдата ја добиле во петокот, и преку викендот се било подготвено, а во акцијата на апсењето се тргнало по седум часот вечерта. Но, адвокатотна Караџиќ истакна дека по апсењето во петокот, поранешниот лидер на босанските Срби три дена бил држен во „некоја просторија на локација која не му била позната“.

„Караџиќ во автобус во Нов Белград, патувалкон Батајници. Во автобусот влегле полицајците, му ставиле капа на главата. Тој не пружал отпор и не се знае каде потоа го однеле. Капата му ја тргнале откако влегол во некоја соба. Тој одбивал да јаде. Баравме да се испита каде бил тие три дена и зошто веднаш не бил испорачан на судот“, тврди адвокатот Вујачиќ.

„На мојот клиент во приликата на апсење му биле прекриени очите, така да не се види кој го апси. По апсењето бил сместен во притвор во некоја соба на непозната локација. Караџиќ се брани со молчење затоа што целиот процес беше фарса“, изјави Вујачиќ на новинарите пред судот.

Првата информација за апсењето со назнака итно беше соопштена пред 23 часот на Советото за национална безбедност на Република Србија.

Наведено е „Акцијата на српските безбедносни служби лоциран и лишен од слобода хашкиот обвинет Радован Караџиќ“, Но, синоќа никој од надлежните не сакал да ја соопшти локацијата на која е уапсен Караџиќ.

Истражниот судија за воени злочини, Милан Дилпариќ околу два часа и 30 минути потврди дека Караџиќ е сослушан, а на прашањето дали е донесено решение за исполнетата претпоставказа изречување на Караџиќ на Хашкиот трибунал, Дилпариќ кратко одговори „Се е завршено“.

 

Караџиќ последен пат е виден и фотографиран во Хан Пијеск во јули 1996 година. Првото обвинение на Хашкиот трибунал против Караџиќ и Ратко Младиќ е поднесено на 25 јули 1995 година. Тоа имаше 16 точки од кои една е за обвинение за геноцид и три за злосторства против човештвото. Втората се однесуваше на злочините во Сребреница подигнато на 16 ноември 1995 година и имаше 20 точки, одкои една се товареше за геноцид, а девет за злочини против човештвото.

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега