ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски се занимава со голи политички флоскули и празна демагогија

Андреј Жерновски очигледно решил да биде портпарол на СДСМ и упорно одбива да ја врши функцијата градоначалник на општина Центар. Тој наместо со потребите на граѓаните во неговата општина се занимава со голи политички флоскули и празна демагогија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Веќе две години е градоначалник, а нема направено ниту еден проект во интерес на граѓаните. Времето го троши исклучиво на креирање скандали и лаги.

Жерновски ја лажеше јавноста во случајот со дивоградбите на Водно, каде праќаше булдужери да рушат, а потоа одеше да ја сопира нивната работа. Тој проба да ја вмеша Владата во спор помеѓу две приватни лица и од тоа политички да профитира.

Жерновски нашминка нецели 100 метри тн Боемска Улица и за тоа потроши скоро половина милион евра.

Со недели манипулира и дрско лаже во врска со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и еден целосно легален објект сака да го оспори.

Именуваше главен општински инспектор лице кое претходно било хаус мајстор, спротивно на насоките од извештаите на ЕУ и Прибе.

Парите на граѓаните ги потроши на еден класично политички референдум кој притоа му беше неуспешен.

Тој дури и беше заменет од позицијата лидер на својата партија и оттука ни е јасно дека му преостанува да се умилкува на СДСМ и да се улижува на Заев за да не биде политички целосно маргинализиран. Впрочем Жерновски дваесет години е во политиката као прврзок на СДСМ и како таков знае да функционира. Тој дваесет години ги аминуваше погрешните политики на СДСМ, приватизацијата, криминалната транзиција, кршењата на ембаргото, шверцот и слично.

Но го потсетуваме Жерновски дека тој не е избран од граѓаните на Центар да манипулира, сплеткари и да кажува политички демагогии. Тој е избран исклучиво да работи во нивен интерес, бидејќи граѓаните на Центар имаат проблеми со улици, водоводи , канализации, подобрување на условите во учиулиштата, градинките, јавното осветлување и други комунални прашања.

Жерновски за основните прашања на граѓаните и работењето никаде го нема, бидејќи му е полесно да се крие зад политиката, демагогијата и барањето на алиби за неспособноста и незнаењето.

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега