Пожарот на хрватскиот полуостров Пељешац се доближи до населено место

Пожарот на хрватскиот полуостров Пељешац продолжува да се шири во правец на месноста Пониква и се доближува да првите куќи во населбата Забрѓе, соопшти попладнево портпаролот на Штабот за заштита и спасување на Дубровачко-неретванската Жупанија, Горан Цвјетиновиќ.

Според Цвјетиновиќ, како што јави Фена, пожарникарите се обидуваат да го спречат пожарот и да ги спасат загрозените куќи.

- Патот што минува низ Пељешац е затворен за сообраќај, а пожарот се доближи до местото Забрѓе и пожарникарите се борат со огнената стихија во одбрана на куќите, истакна Цвјетиновиќ. додавајќи дека во гаснењето на огнот се вклучени и два хеликоптери.

На Пељешац од понеделникот горат два пожари кои досега уништија над 800 хекатри борова шума, неколку лозја и една винарија и усмртија поголем број домашни животни.

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега