Турците повторно на Твитер

Турција ќе може повторно да користи Твитер, сепак има рестрикции.

Турски суд блокираше денеска пристап до Твитер за повеќе од два часа, откако претходно објави забрана за објавување фотографии и видеоматеријали од самоубиствениот напад во градот Суруч, во југоисточна Турција.

Забраната беше укината откако Твитер ги исполни сите барања на Судот.

Судот забрани објавување материјали за инцидентот во кој загинаа 32 лица, а околу 100 се ранети, во нападот од понеделникот, на телевизии и весници.

„Ако направевте напори за зачувување на националната безбедност наместо да го блокирате Твитер, ние немаше да ги преживуваме тие трагедии ниту ќе беше блокиран пристапот до Твитер“, изјави Кемал Калачдароглу, претседател на Народнорепубликанската партија обраќајќи и се на Владата.

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега