Сообраќајка во Куманово: Момче е тешко повредено

Момче е тешко повредено во страотна сообраќајка која се случи попладнево на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во населбата „Иго Тричковиќ“.

Момчето е примено во кумановската болницасо повеќе повреди, по што е упатено во скопскиот Клинички центар.

„Примено е дете на 12-13 години со повреди здобиени од удар на моторно возило. Детето се здобило со тешки телесни повреди. Има тешка повреда на главата, на двете потколеници и на градниот кош. По укажаната помош, со медицинска придружба и лекар тоа е префрлено на една од скопските клиники“, изјави доктор Борче Божиновски, дежурен хирург од Општата болница Куманово.

Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата, а според првичните информации во момчето, кое тргнало по топката на патот, удрил автомобил марка „Мерцедес“ А класа со кумановски регистарски таблички.

Од СВР Куманово најавија повеќе детали по завршување на увидот.

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега