„Ќерко, врати се“ - мајката на тинејџерката лелека од болка

Во куќата на 17-годишната Вања Јанковиќ од Хрватска, кјоа почина во Ниш, Србија, може да се слушне само плачење.

Нејзината мајка Виолета од болка ја повикува својата ќерка, но таа нажалост нема да се врати никогаш.

Младата Вања загина ноќта помеѓу вторник и среда, паѓајќи на надвожњакот на патот Ниш-Пирот. Виновник за несреќата е младиот Н.Т. кој ја возел Вања на мотор.

Младата девојка сакала распустот да го помине кај своите баба и дето во Горни Врежин.

„Мојата Вања сакаше да го прослави 18 роденден со друштвото. Сакаше да студира новинарство. Еве, видете донесовме и книги и скрипти за приемниот испит“, низ солзи раскажува мајката за српските медиуми.

Мајката не сакала Вања да оди со мотор, но за жал не можела да ја спречи.

 

 

Оцени ја веста

22.07.2015 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега