Страшна сообраќајка во Куманово: Тешко повредено детенце

Едно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне, околу 17 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе  во населбата „Иго Тричковиќ“.

 Примено е дете на 12-13 години со повреди здобиени од удар на моторно возило. Детето се здобило со тешки телесни повреди. Има тешка повреда на главата, на двете потколеници и на градниот кош. По укажаната помош, со медицинска придружба и лекар тоа е префрлено на една од скопските клиники, изјави доктор Борче Божиновски, дежурен хирург од Општата болница Куманово.

Според првичните информации во момчето, кое тргнало по топката на патот, удрил автомобил марка „Мерцедес“ А класа со кумановски регистарски таблички.

 

 

Оцени ја веста

23.07.2015 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега