ДЕТАЛИ: Прегазеното детенце се бори за живот на скопските Клиники

Четиринаесет годишниот Д.П од Богданци е детенцето кое е тешко повредено во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи во 16 часот и 50 минути на обиколниот пат кон населбата „Карпош“ во Куманово. Како што информираат од кумановската полиција, момченцето поради сериозноста на повредите е пренесено на Скопските клиники. 
  
Според податоците, во момчето удрил автомобил марка „мерцедес“ со кумановски регистарски таблици, управуван од 36 годишната Г.С од Куманово, додека и автомобилот и пешакот се движеле по десната коловозна лента на патот. На момчето му паднала топката која ја носел во раце и тоа се стрчало по неа. Во тој момент на обиколниот пат се движел и „мерцедесот“ кој удрил во пешакот. 
 

 

Оцени ја веста

23.07.2015 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега