Град Скопје подготвен да се справи со пожарите

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје е целосно подготвен да одговори на сите предизвици и зголемената опасност од појава на пожари поради високите температури во летниот период, соопшти денеска канцеларијата за информирање на Град Скопје.  

Штабот, според соопштението, располага со 65 цистерни, над 20 товарни возила, осум скипови, 11 бобкет возила, еден голем багер и друга опрема за гасење пожари во урбана средина и на отворен простор, како и повеќе лесни теренски возила.

 Околу 500 лица е човечкиот потенцијал со кој располага Штабот, кој го сочинуваат јавните претпријатија „Водовод и канализација", „Паркови и зеленило", „Улици и патишта", „Комунална хигиена", „ЈСП - Скопје", „Градски паркинг" и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Во изминатата недела Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје имала 74 интервенции, од кои 60 на отворен простор, 3 на објекти, 3 на автомобили, 3 технички интервенции и 5 други интервенции. 

- Штабот за заштита и спасување на Град Скопје будно ја следи состојбата на подрачјето на Скопје и ако има потреба ги активира сите неопходни единици за справување со состојбите, а воедно ги повикува граѓаните со своето учество да придонесат за намалување на пожарите, односно да се придржуваат до мерките за превенција од пожари, но и доколку забележат  евентуални пожари веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 195, соопшти Град Скопје.

 

 

Оцени ја веста

23.07.2015 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега