Нов мега скандал со прислушувани разговори

Нов скандал поврзан со прислушувани телефонски разговори го тресе Балканот. Регионалните медиуми објавија разговори меѓу членот на арбитражниот суд, Јернеј Секолец и словенечката застапничка Симона Дрениќ во спорот кој Словенија го има со Хрватска околу Приранскиот залив.
Според разговорите, Словенија пред одлуката на Арбитражниот суд знае дека го добива спорот со Хрватска, односно добива 2 третини од Пиранскиот залив.

Додека словенечките власти одбиваат да ги коментираат снимките, официјален Загреб бара истрага за евентуални контакти на словенечката Влада со арбитражниот суд.

„Ако било што од медиумските аписи е точно, тоа би било апсолутно шокантно и драстично ја менува ситуацијата во врска со овој спор“ – вели хрватската министерка за надворени работи, Весна Пусиќ

Пратеникот на Словенија во Европскиот парламент, Иво Вајгл кој беше дел и од договорот со кој се стави крај на кризата во Македонија изјави дека објавувањето на прислушувани разговори е доказ за неодговорното однесување на високите државни службеници во Словенија.

 

 

Оцени ја веста

23.07.2015 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега