„Самоопределување“ бара оцена на уставноста на спогодбата со Србија

 

„Самоопределување“ најави дека во текот на оваа недела од Уставниот суд на Косово ќе побара оценка на уставноста на Спогодбата за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

„Самоопределување“ смета дека спогодбата е во спротивност со Уставот на Косово и затоа од Уставниот суд ќе побара да ја оцени уставноста на спогодбата, изјави пратеничката на „Самоопределување“ Аљабуљена Хаџиу: -Десет и повеќе пратеници имаат право во рок од осум дена од денот на усвојувањето да ја доведат во прашање уставноста на било кој закон или одлука што ги усвоило Собранието на Косово, како заради соддржината, исто така, и заради начинот на кој е донесена, изјави Хаџиу.

 

најчитано сега