ВИДЕО: Големо невреме во Хрватска

Речиси цела Хрватска попладнево е зафатена од големо невреме пропратено со обилен дожд, грмотевици, силен ветар и град.

Голема количина дожд наврна во Загреб и Сплит, каде дел од градските улици беа поплавени. Температурата во Загреб за еден час се спуштила од 35 на 26 степени, а во Сплит од 31 на 25 степени Целзиусови, пренесуваат хрватските медиуми.

Утринава невреме имаше и во Макарска, додека во Шибеник врнеше крупен град.

Силен дожд проследен со грмотевици врнеше во Карловац, но не доведе до поголеми штети.

Температурата во Карловац за неколку минути падна од 34 на 26 степени.

 

 

 

Оцени ја веста

23.07.2015 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега