Уставниот суд ја укина пресудата на Иво Санадер

Правосилната пресуда на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, е укината во вторникот од Уставниот суд на Хрватска.

Весникот „Јутарни лист“ објави дека правосилната пресуда е укината поради тоа што со неа се нарушени уставните права на Санадер.

Во 2011 година поранешниот премиер Иво Санадер беше обвинет дека примил поткуп од 10 милиони евра од генералниот директор на унгарската компанија МОЛ Жолт Фернади за добивање на котролен пакет акции во хрватската нафтена компанија ИНА.

Обвиненитео беше споено со претходно отвореното обвинение за незаконско збогатување за време на војната во 90-тите години, кога како заменик министер за надворешни работи Санадер земал од австриската банка „Хипо“ 545.000 евра провизија за кредит, што Хрватска го добила од неа. 

Санадер по овие две обвиненија беше осуден на 10 години затвор, но минатата година Врховниот суд ја намали пресудата на 8,5 години.

 

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега