Не издржа: Почина претепаниот работник

Претепаниот чувар Д.С. починал утринава во Клиничкиот центар во Ниш од здобиените повреди, соопшти Танјуг.

Четворица напаѓачи го претепале педесет и три годишниот Д.С. кој работел во Претпријатието за професионална рехабилитација и вработување на личности со инвалидитет „Елмонт“, во раните утрински часови на 22. јули во кругот на печатницата „Вук Караџиќ“.

Нишката полиција ги уапсила Ј.Ј.(22), Ш.Д.(19) и И.П.(18) под сомнение дека со метална шипка го нападнале работникот во обезбедувањето.

Со нив бил и еден малолетник кој по приведувањето е спроведен во Вишото јавно обвинителство за малолетници, навеле од полицијата.

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега