Чао Либерланд - Србија и Хрватска ќе одат на арбитража

Хрватска и Србија најверојатно ќе ја решаваат спорната граница на арбитража, пишуваат српските медиуми.

Според српскиот премиер Александар Вучиќ, Хрватска и Србија може да се договорат за спортното прашање за границата, преку арбитража.

„Се надевам дека со Загреб тоа ќе го решиме во добра клима, и мислам дека за тоа постојат добра волја и во Белград и во Загреб. Ако не, мислам дека ќе имаме сили заеднички да се договориме да одиме на арбитража“, истакна Вучиќ.

Инаку неодамна помеѓу Хрватска и Србија, Чехот Вит Једличка прогласи нова држава која ја нарече Либерленд.

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега