Монструмите пуштени на слобода: Силувале тинејџерка на паркинг

Осумнаесетгодишниот Н.Б. и седумнаесетгодишниот И.М. од Ваљево , ученици во Средното музичко училиште, уапсени се под сомнение дека ја силувале седумнаесетгодишната С.К. од Уб, Србија! Малолетната девојка, која била невина, двајцата монструми ја силувале на паркинг во центарот на Уб.

На несреќната девојка помош и е пружена во болницата во Ваљево, а двајцата монструми по сослушувањето кај обвинител се пуштени на слобода.

Како шро дознава српски Курир, девојката е силувана по забава која по повод полнолетство ја организирала нејзина другарка, а силувачите таа вечер прв пат ги видела во својот живот. Тие го искористиле  тоа што девојката била пијана и на измама ја одвеле на паркингот во близина на локалот каде што била прославата.

- Се запознале на заедничка забава. Очевидците кажуваат дека девојката била многу пијана и дека за половина час испила половина литар вињак. Момчињата тоа го злоупотребиле и ја одвеле на паркингот кој се наоѓа спроти ресторанот во кој биле. Таму ја силувале. Девојката била целата валкана и со модрици, а тие побегнале кога еден сосед слушнал врева, изјави извор близок на истрагата.

Докторите на прегледот констатирале дека кај С.К. дошло до повреда на хименот, што значи дека силувачите и ја одзеле невиноста, а по нејзиното тело имало и бројни повреди, кои и се нанесени додека се бранела.
- Другарка ми е во шок. Не може да верува што и се случи. Уништија еден млад живот. Таа веќе три дена не јаде ништо и не излегува од дома. Тие момчиња прв пат ја виделе таа вечер, вистина е дека малку повеќе испи, но тие на сила ја извлекоа од кафеаната. Таа во прв момент не ни била свесна што ја снајде. За тоа не може ни да зборува бидејќи веднаш почнува да се тресе, раскажа другарката на силуваната девојка.


 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега