ФОТО: Клановите војуваат, граѓаните стравуваат додека тие убиваат се околу нив

Убиствата се „нормални“ кај смената на шефови, кај преземањето на пазари, роба, како и кога некој од групата сака да се осамостои.

Црногорските екипи, чии бази се наоѓаат во Белград и Нови Сад, водат војна со српските кланови во борба за превласт на нарко-пазарот, а тоа не го кријат ниту од незаштитените граѓани.

klan2

-Моќ во српското подземје во последните три години се обидуваат да воспостават и црногорски групи. Во игра се неколку моќни групи, кои во Латинска Америка се подобро позиционирани од српските. Затоа српските криминалци се потпрени на Црногорците во Колумбија. Меѓу групите владее доверба, но секоја грешка се плаќа со живот", изјавил за Блиц.рс запознаен со активностите на српските и црногорските криминални групи во Латинска Америка.

klan3

Групите функционираат заедно, вложуваат и перат пари, а меѓу нив владее и константна борба за превласт.

-Правила постојат, а грешките се плаќаат со живот, рекол изворот.

klan

Така, кражбата на 300 килограми кокаин, со живот ја платил Црногорецот Горан Радоман, убиен на 20. февруари во Нов Белград. Во Белград поради нарко-бизниси биле убиени и Јовица Радоњиќ, Владан Величковиќ и Милош Милановиќ. Ранет бил Драган Васиќ Гага. Во Нови Сад биле убиени Ненад Опачиќ и Воислав Шкрбиќ. Пред десет дена во Белград бил убиен Драган Јелиновиќ. Нарко-бизнисите се во позадина на сите злосторства.

 

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега