Хрватски медиуми: Арбитражниот суд сам да се распушти

Хрватска смета дека Арбитражниот суд за граничниот спор со Словенија треба сам да се распушти поради скандалот од словенечка страна бидејќи тоа ја компромитира неговата одлука да не се прифати како законска, јавуваат хрватски медиуми повикувајќи се на извор во Владата.

Скандалот изби во средата кога хрватски медиуми објавија транскрипти кои покажуваат дека словенечкиот арбитар и словенечка дипломатка се договараат за изнесување аргументи и лобирање кај други судии во постапката за границата меѓу Словенија и Хрватска.

Членот на тој суд Јернеј Соколец и ополномоштената претставничка за следење на аритражата Симона Дреник поднесоа оставки, а Судот најави продолжување на постапката.

- Идеално би било ако Судот, кога ќе прими наш поднесок, да се загрижи и сам да се распушти, да каже - Ние во тоа веќе не сакаме да учествуваме, навел изворот од Владата.

Во Загреб сметаат дека судот има „кус рок на дејство“ и одговор очекуваат пред вонредната седница на Хрватскиот сабор, јавуваат хрватски медиуми.

 

 

Оцени ја веста

24.07.2015 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега