За шест месеци 324 сообраќајки во Вардарскиот регион

Вкупно 324 сообраќајки за шест месеци се случиле во Вардарскиот регион во кои седум лица го загубиле животот, а над 180 се повредени.

- На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес, кој ги покрива општините Велес, Кавадарци и Неготино, во периодот од јануари до јуни  оваа  година,  регистрирани се вкупно 324 сообраќајни несреќи. Притоа седум лица го загубиле животот, 37 се здобиле со тешки телесни повреди, 144 со телесни повреди, а 198 сообраќајни несреќи се со причинета материјална штета, вели Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.

Од вкупниот број регистрирани сообраќајни несреќи, 99 се случиле на подрачјето на Кавадарци, 47 на подрачјето на Неготино и 178 на подрачјето на Велес.

Во текот на 2015 година на подрачјето на СВР Велес регистрирани се вкупно четири несреќни случаи во кои при управување трактор животот го загубиле четири лица, од кои две лица во Кавадарци, и по едно во Неготино и во Велес.

 

 

Оцени ја веста

25.07.2015 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега