Убиство во Струга, застрелан функционер на ДУИ

Убиство попладнево се случи во Струга, во кое животот го загуби висок функционер на ДУИ јави Лајм.

Според изјавата на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за Курир, се вели дека е пукано кон 42-годишен жител на Струга.

-Кон лицето е пукано на улицата „Марк и Енгелс“ во Струга од автомобил „Голф“ кој бил во движење. Се превземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите, а повеќе детали ќе бидат познати по завршување на полицискиот увид кој е во тек, вели Димоски кој во интерес на истрагата не открива повеќе детали.

Четириесет и две годишниот Артан Муслуи кој е висок функционер на ДУИ и заменик директор во УЈП, на повредите им подлегнал во болница.

 

 

Оцени ја веста

25.07.2015 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега