Тригодишно детенце го загуби животот кај градските гробишта во Штип

Тригодишно детенце го загуби животот на регионалниот пат Штип-Радовиш, кај градските гробишта во Штип, вчера околу 19:30 часот.

Детенцето Х.Ј. било на гробишта со родителите, но во еден момент се тргнало од рацете на својата 12-годишна сестра и претрчало на регионалниот пат Штип-Радовиш. Тогаш на патот минувал автомобил „Голф“ со штипски регистерски таблички и директно удрил во детето, рече основниот јавен обвинител Јован Ѓурков, пренесува МИА.

Возачот на Голф-от не бил во алкохолизирана состојба, а телото на детето го предадоа на обдукција.

 

 

Оцени ја веста

26.07.2015 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега