ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се бараат информации за скандалот на Жерновски

Денес пред Општина Центар, се обрати советникот од советот на општината, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Саше Трпески, кој остро го осуди потегот на градоначалникот Андреј Жерновски, бидејќи поставил хаус мајстор за главен испектор во општината.

 

Во прилог се наоѓа интегралниот текст од изјавата за медиумите на советникот:

Скандалите на Жерновски немаат крај. Во последниот случај Жерновски поставил хаус мајстор да биде главен инспектор во општината скокајќи десетина скалила во хирархијата. Само во општина Центар,  хаус мајстор во еден ден може да стане главен инспектор. Тоа е пример како СДСМ и Жерновски замислуваат професионална јавна администрација.

Жерновски овозможил хаус масторот Кочо Стојчевски да врши инспекција, да носи одлуки за објекти, премери, и со тоа на којзнае колку луѓе им предизвикал штета. 

Ние се сомневаме дека причината поради која што е поставен Кочо Стојчевски на позиција главен испектор е поради тоа што истото лице е сопственик на градежна фирма. И тоа ќе бараме да се испита. Знаејќи ги двата последни скандали со Боемската улица и случајот кога Жерновски сам испрати булдужери да рушат, сето ова создава слика дека општина Центар е само приватна бизнис фирма за задоволување на финансиските интереси на Жерновски и луѓето околу него.

Згора на сето ова за скандалот да биде поголем, медиумите објавија конкретни случаи како овој најбогат хаус мајстор лажно се преставувал и вршел улога на лажен иснпектор што е казниво со кривиниот законик. Оттука не е ни чудо зошто во Центар владее хаос штом Главниот за инспекторирање во Центар бил хаус мајстор. 

Кочо Стојчевски како  член на СДСМ имал огромна среќа да биде црпнат и поставен за хаус мајстор во општина Центар. Впрочем само во општина Центар и никаде на друго место во светот хаус мајстор не вози Ауди А5. Ниту во Берлин, ниту во Париз, ниту во Лондон, туку само во општина Центар?!

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на следната седница на Советот на општина Центар ќе побара информација за овој скандал од градоначалникот Жерновски, како е возможно спротивно на сите закони хаус мајстор да биде именуван за главен инспектор.

Почитувани,

Во општина Центар ХАУС МАЈТОР е главен инспектор, градоначалникот е главен бадијалџија. Човек не знае што е пострашно. Ваквото самоволие на Жерновски и СДСМ во општина Центар мора да престане. Очигледно работното лето на Жерновски не е за  реализација на проекти,  туку за предизвикување  скандали во низа. 

Ова е добар пример како СДСМ замислува да раководи со институциите. СДСМ се бори за гола власт,  за да може ова што го спроведува во Центар  да го прави низ целата држава, хаус мајстори да бидат главни, да се случува анархија, партизација на администрација и класично неработење.

 

 

Оцени ја веста

26.07.2015 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега