ФОТО: Делови од автомобилите по цела улица - страшна сообраќајка во Струмица

На улицата „Климент Охридски” во Струмица, во близина на кружниот тек на излезот кон Василево, се случила страшна сообраќајка, пренесе Струмица Денес. Во сообраќајната незгода учествувале две возила од кое едно Пежо со штипски регистарски таблици, кое било свадбено украсено, и автомобил марка Мерцедес.

И двата автомобила се целосно уништени, а се забележуваат делови од автомобилите и на неколку десетина метри одалеченост од местото на несреќата. Според очевидците еден од автомобилите направил погрешно свртување и со голема брзина му го пресекол патото на другото возило.

Во сообраќајката има сериозно повредени лица.

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега