Младите ракометарки ремизираа со фаворитот Русија

Женската ракометна репрезентација на Македонија одигра нерешено 26:26 со силната Русија во натпревар од 3.коло во Б-групата на Европското првенство за играчи до 19 години што се одржува во Шпанија.

И покрај добриот настап во групната фаза каде се остварени по едена победа, нерешено и пораз, сепак загубениот дуел од Германија изразен со 10 голови е причина Македонија да разигрува за пласман од 9 - 16.место, а не да се бори за горните позиции.

На вториот натпревар од оваа рунда Германија – Литванија 31:19.

Табела: Русија 5 бодови, Германија 4, Македонија 3, Литванија 0.

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега