Со евтините кредити од ЕИБ за компаниите, отворени над 6.300 работни места

Преку 60 отсто се искористени средствата од 4-та кредитна линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 100 милиони евра евтини кредити за малите и средни претпријатија, покажуваат податоците на Македонската банка за поддршка на развојот, која ја спроведува оваа кредитна линија, пренесе МИА.Досега се повлечени вкупно шест транши од последната кредитна линија во вкупен износ од 61.731.099 евра.

Како што информираат од МБПР, на почетокот на август се очекува да се повлече уште една транша во износ од 10 милиони евра.

Со четвртата кредитна линија од 100 милиони евра досега се финансирани 303 проекти и отворени се 1.041 работни места.

Владата обезбеди четири кредитни линии во износ од 350 милиони евра евтини кредити за малите и средни претпријатија со цел да им обезбеди поевтин капитал за стопанисување и да ја зголеми ликвидноста во време на светската економска криза. Досега со овие средства се финансирани вкупно 1.522 проекти и отворени се 6.344 работни места.

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега