Секојдневно доаѓаат пациенти со мозочни и срцеви удари - бројни колапси во Скопје

Пеколот прави проблеми. За 48 часа во Скопје се регистрирани шест колапси кај повозрасни лица на кои им се слошило во банки, на шалтери или аптеки, додека чекале во ред. Тие веднаш биле пренесени со возилата на Брзата помош на лекување во скопскиот Клинички центар, пренесе Вечер.

-Дневно има од два до три мозочни удари и уште толку срцеви. Дежурните екипи се постојано на терен со цел да им се помогне на пациентите на кои што тоа им е потребно -вели д-р Карамановски од Итната медицинска помош за Вечер.

Затоа, почитувајте ги препораките и не излегувајте надвор доколку не морате. Јадете овошје и зеленчук, пијте многу вода и носете лесна облека.

 

 

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега