Семејството во црно: Мајката на десетгодишното момче убиено во Гостивар раскажа за трагедијата

Мајката на момчето од Гостивар кое беше убиено од заталкан куршум раскажа за големата трагедија во која остана без своето чедо. Мерита Абедини си ја отвори душата за Дневник и раскажа дека и покрај напорите на лекарите, на десетгодишниот Енес му немало спас.

- Му ставија инекција во срцето и го пратија за Скопје. Сепак, не беше доволно. Докторите рекоа дека куршумот е навлезен длабоко во мозокот, вели мајката низ солзи за Дневник.

Трагичниот настан кој го зави семејството во црно, се случил во 15 часот и 30 минути кога детето безгрижно си играло пред трошната куќа со другарчињата. Било погодено од залутан куршум од свадбена церемонија. 

- Седевме во двор и слушнавме истрел. Притрчав и го видов Енес целиот во крв. Го кренав, го испрскав со вода, викав по соседите, но никој не слушна. Дојде мајка му и го стави во кола, вели 14-годишно детенце кое било сведок на настанот.

За жал, напорите на лекарите кои дале се од себе, биле залудни.

 

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега