Расветлено тројно убиство од пред 15 години

Полицијата во Србија расветли тројно убиство кое се случило пред 15 години во Белград, соопшти денес Министарството за внатрешни работи на Србија.

Поради сомнеж дека сторил тешко убиство, уапсен е жител на Белград со иницијали Б.С.(38).

Тој се товари дека во мај 2000 година, во просториите на една белградска фирма, со огнено оружје го усмртил сопственикот на фирмата, неговата сопруга и една работничка.

За Б.С. е одредена мерка задржување до 48 часа, по што ќе биде, со кривична пријава, приведен во Високото јавно обвинитество во Белград.

 

 

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега