ФОТО: Мотоциклист повреден во сообраќајка во Скопје

Едно лице е повредено во сообраќајката што пред еден час, во 11.45 часот, се случи на раскрсницата на булеварите „8 Септември“ и „Илинден“, кај спортскиот центар „Борис Трајковски“, јавува Република

Во судирот учествувале „опел“ и мотоцикл, и двете возила со скопски регистарски таблички, информираат од СВР Скопје. Повреден е мотоциклистот, кој е пренесен во градската болница „8 Септември“.

Увидот на местото на несреќата се уште е во тек.

 

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега