Келнер избркал семејство бидејќи порачката била скромна

Едно семејство било избркано од хрвастки ресторан бидејќи порачката била многу скромна. Босанката Адвија Жига тврди дека таа и нејзиното семејство биле истерани од една пицерија, бидејќи порачка била скромна. Кога седнале во пицеријата тие нарачале пијалаци и сладолед, но келнерот, според Зига, почнал да ги навредува бидејќи нивната нарачка била премалку, објаснувајќи им дека тоа е време за ручек.

– Сопственикот на ресторанот се обиде да го оправда келнерот, тврдејќи дека пред тоа го налутиле едни Кинези, кои биле шестмина, а нарачале само една пица – вели Зига.

Но, според неа, тоа не било оправдување, бидејќи гостите до нивната маса имале порачано само пијачка. Таа тврди дека келнерот го истурил својот бес врз нив кога сфатил дека се од БиХ.

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега