ДЕТАЛИ: Рачна бомба фрлена пред зградата на скопската полиција

Рачна бомба била фрлена пред зградата на СВР Скопје во скопски Аеродром, дознава Press24 од полициски извори. Според информациите, од силната детонација испукале прозорците на зградата на Секторот за внатрешни работи на МВР во Скопје. Покрај тоа, оштетени се уште 3 возила кои биле на паркингот пред зградата. Станува збор за еден автомобил марка БМВ, еден Фолксваген Пасат и едно Пежо Партнер.
Од МВР ја потврдуваат информацијата но не откриваат повеќе детали. Велат дека веднаш по експлозијата нивните екипи го обезбедиле местото и дека се врши детален увид кој треба да ги даде информациите околу сторителот и неговите мотиви.

 

 

Оцени ја веста

30.07.2015 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа