ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ денес се обидува да изигрува лажен душегрижник

СДСМ денес се обидува да изигрува лажен душегрижник за законски измени од кои нема штета по корисниците на хонорари. Напротив со овој закон во изминатиот период се овозможуваше социјална сиугурност, здравствено и пензиско осигурување на голема група лица кои работата за хонорар, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Впрочем Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со двата преоекти кои во меѓувреме ги спроведе, Македонија вработува со кој беа ангажирани над 4000 лица кои во период од една до пет години се ослободени од плаќањето на придонеси и вториот со кој се изврши трансформација на работниот однос на голем број лица во рамки на јавниот сектор, речиси во целост го реши проблемот на лицата што порано беа ангажирани со договор на дело и авторски договори. Оттука со овие два проекта беше апсолвираше прашањето на придонесите на лицата кои примаа хонорар.

Доколку СДСМ воопшто се грижеше за стандардот и правата на работниците тогаш немаше спроведат криминалната приватизација и транзиција во која затворија 684 фабрики, а над 200 000 луѓе оставија без работа. Притоа граѓаните масовно осиромашуваа, додека партиската олигархија на СДСМ го раскрчмуваше општествениот имот и се богатеше.

Но освен овој грев кон граѓаните на Македонија, а особено кон работниците, СДСМ се одговорни за континуираното рушење на работничките права и стандардот на граѓаните преку носењето на штетни закони. Доколку заборавиле во СДСМ ние ќе ги потсетиме на дел од правата на работиците кои беа погазени во време на нивното владеење:

- Измените во Законот за работни односи во 2005 година со кој се намали времетраењето за кое што отпуштениот работник како технолошки вишок имаше приоритет кај истиот работодавец.

- Измените во Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност со кои драстично се намали времето за кое се исплатува паричниот надоместок за невработени лица.

- Во 2003 година со измени во Законот за работни односи се намали висината на испратнината на работниците на кои им претставува работниот однос.

- Во 2004 година со измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност се оневозможи лицата кои го прекинале својот работен однос по своја волја да ги остваруваат прават што се добиваат со стекнување со статусот невработено лице.

-  Во 2005 година со измените на Законот на работни односи се отежна правото на штрајк каде како организатор може да се појави само Синдикат.

- Со измените на Законот за вработување на инвалидни лица во 2005 година се намалуваа средствата кои се издвојуваат за вработување на овие лица и многу други.

Ако СДСМ навистина беа загрижени за правата на работниците, тогаш за споменативе закони, како и за криминалната приватизација која исто така со закон ја спроведоа, требаше да ги обештетат 200 000 испуштени работници и најмалку уште толку други кои поради горенапоменатите закони имале штета по својот животен стандард.

Но СДСМ како и многу пати досега покажува дека едно зборува кога е во опозиција, а кога е на власт води штетни политики од кои со децении потоа граѓаните трпат катастрофални последици.

 

 

Оцени ја веста

30.07.2015 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега