ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозните одлуки на СДСМ ја оставија Битола на цедило

Денес по којзнае кој пат бевме сведоци на нечовечноста, манипулацијата а најмногу од се на лицемерието на СДСМ и нивните коалициски партнери, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение

 

Замислете, објектот на каналот, кој опозиционерите го користат за да шират паника и омраза помеѓу граѓаните, бил изграден во 2004 /2005 година кога на највисоките функции на ЕСМ и РЕК Битола биле кадри поставени од СДСМ. Пред изградбата на објектот, директорот на ЕСМ - кадар од СДСМ и директорот на РЕК Битола, исто така кадар од СДСМ, свесно ги избегнале мислењата на стручните лица од ЈП Стрежево кои укажувале дека локацијата каде оштетениот објект е изграден е непогодна за објект од таков тип затоа што истата е насип кој е лесно подложен на атмосферски влијанија. 

Катастрофалниот резултат од нивната скандалозна одлука е уништен објект по нецели 10 години користење.

vodabtbt

Прашањето за СДСМ е зошто тогашните функционери на СДСМ, од незнаење или од лични интереси, одбрале токму на оваа локација да се гради сега настраданиот објект?

СДСМ и нивната коалиција треба да одговорат и како е можно на ниедна друга локација или објект од 100 километри каналска мрежа на хидросистемот Стрежево, освен на оваа одбрана од нив, да се нема појавено ваков проблем?                                                                     

Бидејќи омилена тема во овие денови им е барањето на одговорност, би сакале да ги информираме нив а и целата јавност дека одговорите се веќе побарани, но не преку малициозни прес конференции туку преку Јавното обвинителство.

За жал, како и секогаш во последните 9 години, повторно ВМРО-ДПМНЕ ги поправа грешките на СДСМ.  Инвестициите и развојот се ставени во заложништво на погубните одлуки на СДСМ а институциите мора да се занимаваат со санирање на катастрофални последици кои лесно можеле да бидат одбегнати.

 

 

Оцени ја веста

30.07.2015 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа