Родители од Гостивар преживувале хорор

Четириесет и петгодишниот гостиварец П.Б, ноќеска околу 4 часот пријавил семејно насилство од неговиот 23-годишен син.

Синот видно алкохолизиран, откако дошол во семејната куќа, почнал силно да вика, да ги навредува и да им се заканува на другите членови на семјството, а се обидел и да ја оштети покуќнината.

По пристигнување на полициските службеници, тој бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар.

Според кажувањето на пријавителот П.Б, неговиот син и претходно го малтретирал семејството и затоа побарал кривичен прогон.

 

 

Оцени ја веста

31.07.2015 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега