Манасков: Вардар оваа година треба да игра на Ф4 во Лигата на шампиони

Александар Деревен, Хорхе Македа, Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ и Дејан Манасков се новите засилувања кои денеска на прес-конференција ги претстави македонскиот ракометен шампион Вардар.

Според директорот на клубот Давор Стојановски, тимот на Вардар, помогнат од засилувањата, очекува да го постигне зацртаниот план, а тоа е влез во „фајналфор“ во Лигата на шампионите.

- Оваа сезона Вардар очекува да ги постигне амбициите од пред две години помогнати со новите засилувања. Со промената на системот во Лигата на шампиони, во нашата група имаме многу силни противници, но очекуваме да го дадеме максимумот на секој меч и да се бориме до крај за што подобар пласман, истакна Стојановски.

Доскорешниот лев бек на Чеховски, Медведи, Александар Деревен очекува на сите настапи на Вардар да се оди на победа, пр ишто, како што рече, ќе го даде максимумот за да се остварат тие цели.

За шпанскиот репрезентативец Хорхе Македа, Вардар е клубот кој има најголеми амбиции во Лигата на шампионите и дека е среќен што е дел од тимот.

- Мислам дека Вардар е идеален клуб за мене да настапувам во елитното европско натпреварување, во кое ќе сторам се за да стигнеме што подалеку, потенцира Македа.

Српскиот пивот Мијајло Марсениќ кој ланската сезона играше за Металург рече дека е среќен што ќе игра за Вардар,и дека сите знаат за каков клуб станува збор.

-Во моментов можам да кажам се најдобро, имаме одличен тим и врвен тренер, јас сум тука за да ја искористам шансата и да помогнам да се остварат зацртаните цели, додаде Марсениќ. 

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков потпиша тригодишен договор  со Вардар за кој вели дека е среќен и дека ќе го даде максимумот. 

- Моногу сум среќен што по кратката авантура во Германија повторно се враќам во Македонија и дека ќе бидам дел од Вардар. Вардар е голем клуб со големи амбиции и оваа година треба да влеземе во ф4, за што се надевам дека ќе имаме и спортска среќа да ги освоиме сите зацртани цели на клубот, истакна Манасков.

Ракометарите на Вардар од 3 до 13 август ќе бидат на подготовки во Крајнска Гора, а потоа ќе учествуваат на турнир во Кањижа од каде на 17 август се враќаат во Скопје. Првпат оваа година Вардар ќе организира турнир кој ќе се одржи од 24 до 28 август. 

 

 

Оцени ја веста

31.07.2015 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега