Хрватска го возвраќа ударот - еве кого „коцкастите“ ќе тужат затоа што ги обвинија за скандалот

Да потсетиме поранешниот претседател на Државната лотарија на Србија Владимир Џукановиќ за вината за извлекувањето на лото броевите го префрли на хрватскиот софтвер „Нирвана“.

Државнаталотарија на Србија користи софтер на компанијата „Нирвана“ од Загреб која најави дека ќе поднесе тужба против српската лотарија, затоа што наводно веќе четири години не ја плаќа лиценцата.

Сопственикот на Нирвана Арсен Доброта изјави дека компанијата пред десет години, на Лотаријата на Србија им испорача софтвер кој во 2000 година го испорачаа и на Хрватската лотарија.

 

„Кога Владимир Џукановиќ дојде во Лотаријата на Србија престанаа да ни плаќаат лиценца а софтверот веќе четири години, и понатам бесправно го користат“, изјави Доброта и наведе дека имало обиди да тоа прашање се реши по мирен пат.

 

„Мислам дека не можело да се манипулира со извлекувањето, тук се работело за грешка во операторот, односно лошо направениот софтвер за пратење на ТВ извлекувањето“, напоменал Доброта.

 

 

Оцени ја веста

31.07.2015 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега