„Дедо“ опил, издрогирал и обљубил 13-годишно девојче

Четириесетгодишниот Р.В. од Крагуевац е уапсен пред два дена поради сомнеж дека ја опил, издрогирал и обљубил тринаесетгодишна девојка. Него му е одредено задржување и наљјдоцна денес треба да биде изведен пред тужител.

Р.В. во април ја повикал тогаш тринаесетгодишната девојка во својот стан, каде заедно пушеле марихуана, пиеле алкохол и имале сексуални односи.

Девојката го запознала неколку месеци порано пред основното училиште, кога и понудил да се повозат со неговата кола. Таа се согласила, а во текот на возењето и предложил да одат во неговиот стан. Таму заедно се дрогирале и пиеле алкохол, а потоа имале сексуални односи. После тоа се гледале повеќе пати.

Случајот во полиција го пријавил нејзиниот татко, откако ќерката му раскашала за „дедо“, како што го викала шетириесетгодишникот.

Нејзиниот татко не сакал за медиумите да раскаже што точно се случило, бидејќи постапката е сеуште во тек.

- Очекувам на 13-ти август сведоците да ги дадат своите искази, па потоа ќе заборувам што се случило, изјави таткото на девојката.

 

 

 

Оцени ја веста

01.08.2015 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега