ЦРНА САБОТА ВО МАКЕДОНИЈА: 4 лица заминаа во смрт, едно се удави, исчезна малолетник...

Ден пред големиот празник Илинден, Македонија е завиена во црно. Во текот на вчерашниот ден се случија огромен број трагедии. Кај Гевгелија загинаа жена и две деца, сопругот кој е српски поп е префрлен на Ургентен центар.

Едно лице вчера загина во страшна сообраќајка која се случила после наплатната рампа Желина на автопатот Тетово – Скопје. Според информациите, возач управувајќи со својата Опел Вектра со скопски регистарски ознаки излетал од патот и починал на лице место. Вчера на пладне на истиот автопат, но во обратна насока исто така се случи сообраќајна несреќа во која потешко се повредени 6 лица.

Потоа, вечерта во 20 часот, 46-годишен маж се самоуби во Охридското езеро. 

Исчезна и малолетник. Полицијата трага по 17 годишниот Д.В. од с. Доброшинци, струмичко откако вчера попладне околу 17 часот исчезнал капејќи се во вир. Тој заедно со уште тројца другари влегол во водата насобрана во ископот меѓу селата Доброшинци и Пиперово широк околу 30 метри. По извесно време го снемало, а останатите момчиња во паника побегнале.

 

 

Оцени ја веста

02.08.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега