Им рекол да не уринираат пред црква - го убиле на брутален начин

Едно лице е убиено, а едно е рането на портите на Храмот на Свети Пророк Илија во околината на Белград ноќта спроти неделата, од страна на три непознати лица кои уринирале пред црквата. 

Во инцидентот со нож до смрт бил прободен Саша Јоксиќ (40), а ранет бил Дражен. Ј (22). 

 

Како што дознава „Блиц“, злостроството се случило на портата од црквата, во која ноќеска се поставувал шатор, како дел од прослава на селската слава, која требаше да се организира денеска. Портата била полна со луѓе кои учествувале во поставувањето на шаторите, а дел од нив биле под дејство на алкохол.

Откако бил шаторот поставен, Саша забележал како три момчиња уринираат во портата од црквата. Откако им рекол тоа да не го прават тука, дошло до расправија и еден од трите момчиња го прободел со нож.

Напаѓачот извадил нож и првин на Саша му нанел три убодни рани, од кои починал на пат кон болница, а потоа го ранил и Дражен, кој бил во друштво на Саша. 

Српската полиција интензивно трага по напаѓачите, чиј идентитет засега е непознат.

 

 

Оцени ја веста

02.08.2015 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега